Џенифер Анистон одлетала на мини-одмор со новиот партнер Џим Кертис и сите стискаат палци да ѝ успее оваа врска на омилената актерка
Се шушка дека Џенифер Анистон си нашла нов партнер и дека тој е сосема поразличен од сите нејзини љубови досега. Актерката од ТВ-серијата „Пријатели“ била видена со љубовниот гуру Џим Кертис, со кого го поминала празникот 4 јули на Мајорка.
Кој е Џим Кертис?
Работата на Џим е да ги научи холивудските богаташи како да пронајдат љубов преку разни манифестации. Тој им помага по развод или долга врска да се ослободат од минатото и да пронајдат нова љубов.
Додека студурал, Џим доживеал повреда на ‘рбетниот столб која ја лекувал со медитација, што вели дека му го променило животот. Оттогаш повеќе им се посветил на мислите и свесноста, па така го променил својот имиџ од „згоден дечко од братство“ до љубовен гуру и животен тренер.
Поврзани објави
Не постои доказ дека Џим има девојка или жена, што значи дека е слободен да патува со актерката каде што ќе посака.
Џенифер го следи веќе две години и често ги споделува неговите цитати, додека неговите книги им ги препорачува на своите следбеници. За време на ова патување на Мајорка, двојката била видена како се дружи на јахта со актерот Џејсон Бејтмен и неговата сопруга Аманда Анка.
Се зборува дека со помош на Џим и хипноза, Џенифер го совладала стравот од летање.
ФОТО: Инстаграм