Почетна Убавина и здравјеМиљковиќ ги збуни обожавателите! Се караа пред камерите, а сега си пијат кафе – ново лице на односот Вики и Марија

Миљковиќ ги збуни обожавателите! Се караа пред камерите, а сега си пијат кафе – ново лице на односот Вики и Марија

од nenad
1 минути читај за



Иако на сцена често беа во конфликт, приватно станале сосетки и пријателки – еве што вели Вики

Иако често се судираа пред камерите на „Ѕвездите на Гранд“, Вики Миљковиќ и Марија Шерифовиќ изгледа ги оставиле недоразбирањата зад себе. Во едно неодамнешно интервју, Вики откри дека денес со Марија ужива во утринските кафиња како вистински пријателки.

Славната пејачка поседува неколку недвижности, но токму станот во елитна белградска населба ѝ е најдраго место за одмор. Интересно е што токму таму, нејзина прва соседка е некој со кого некогаш била во јавен конфликт – Марија Шерифовиќ.


Поврзани објави

Мара и јас сме сосема различни во шоуто, ама приватно – пиеме кафе, се дружиме. Исто така и со Јована Пајиќ, таа е преслатка и ми е многу драго што ѝ оди одлично,“ изјави Вики Миљковиќ, демантирајќи дека антагонизмот од емисијата се пренел во реалниот живот.

Инаку, Марија Шерифовиќ неодамна објави дека нема да биде дел од жирито следната сезона. Кој ќе ја замени, сè уште не е официјално објавено – но фановите со нетрпение очекуваат нови детали.

Instagram/Printscreen/viki miljkovic