Пејачката отворено нападна друга јавна личност која наводно ја копира и ѝ флертува со партнерот
Пејачката Сандра Африка ретко влегува во јавни конфликти, но овој пат одлучи да проговори без влакна на јазикот. На социјалните мрежи упати порака до колешка за која тврди дека буквално се обидува да стане како неа – и тоа со сите детали.
Иста коса, ист стил, исти тетоважи – прво мислев дека си замислувам, ама кога почна да му пишува на мојот дечко, ми пукна филмот,“ напиша Сандра Африка во својата објава.
Поврзани објави
Според неа, ова веќе не е само копирање, туку преминување на граници.
Иако не откри за кого точно станува збор, многумина на социјалните мрежи веднаш почнаа да шпекулираат дека станува збор за Зорана Миќановиќ, пејачка која неодамна ја прекина врската со MC Стојан и повторно е во фокусот на јавноста.
Обожавателите сега со нетрпение чекаат дали ќе следува одговор од другата страна. Дали конфликтот ќе се разгорува или ќе се смири – останува да се види.
sandra afrika instagram