Италијанскиот заводник Дамијано Давид ја приредил најромантичната свршувачка на светот
Италијанскиот пејач Дамијано Давид ја запросил својата девојка Дав Камерон на најромантичниот можен начин. Тие се во љубовна врска околу две и пол години, а актерката и пејачка во емисија кај Џими Фалон открила како ја запросил Италијанецот.
„Тој неколку месеци претходно ми кажа дека бира прстен, па знаев дека ќе ме запроси. Другарките ми рекоа: ‘О, боже, значи мораш постојано да бидеш тип-топ средена, бидејќи никогаш не знаеш кога ќе те запроси.’
А кога се случи тоа, јас заборавив како да функционирам, мозокот ми замрзна…“
Дав раскажала дека тоа се случило додека биле дома, се пакувале за патување, а таа во тој момент била во некоја стара, широка маица со мокра коса, немарно заврзана на глава. Дамијано клекнал пред неа и кажал:
„Знам дека можеби си очекувала нешто големо, но нашиот живот е толку голем и полн е со толку јавни случувања што во тоа веќе нема романтика за нас. Сакав да го направам ова тука, во нашиот дом, бидејќи ги сакам садовите, ја сакам облеката, сакам заедно да готвиме храна, те сакам во твојата голема маица. Ова е животот што го одбирам и се надевам дека и ти ќе го одбереш истото. Ќе се омажиш ли за мене?“
Секако, Дав рекла „да“ и сега Дамијано Давид е зафатен човек.
Поврзани објави
Љубовната приказна на италијанскиот рокер и американската Дизни ѕвезда
Давид и Дав се запознале во 2023 година преку заеднички пријатели од музичката индустрија. Во тој момент, Дамијано со бендот „Манескин“ го освојувал светот, додека Дав ја градела својата соло музичка кариера.
Тие брзо сфатиле дека имаат многу заеднички интереси, па тоа лето почнале поинтензивно да се дружат и гледаат. Веќе во септември биле забележани како се бакнуваат во Австралија. На почетокот, имале врска на далечина, но набрзо почнале да живеат заедно, а сега и се свршиле.
Во светот на модата се познати како најдобро облечената двојка во денешно време.
ФОТО: ИНСТАГРАМ