Се докажа дека станува збор за лажна афера…
На социјалната мрежа ТикТок се појавија две фалсификувани видеа кои тврдат дека Теа Таировиќ била специјална гостинка на усташкиот собир на Марко Перковиќ Томпсон во Загреб. Во видеата се гледа наводно присуство на пејачката на концертот кој предизвика голема контроверзија.
Концертот на Томпсон се смета за најголем фашистички собир од Втората светска војна, со присуство на над половина милион луѓе кои, според критичарите, славеа прогон на Србите. Појавата на видеата со Теа предизвика бура реакции – додека некои во Хрватска беа изненадени, во Србија многумина беа лути и разочарани.
Поврзани објави
Подоцна, уште еден видеозапис од концертот беше објавен, тврдејќи дека Теа го „запалила“ регионот, но тоа беше брзо демантирано како лажна вест. Двете видеа беа тргнати од ТикТок, а мотивите зад нападите остануваат нејасни.
Овој случај беше протолкуван како обид за медиумско „затворање“ на кариерата на српската пејачка во нејзината земја. Концертот на Томпсон предизвика осуда од многу јавни личности, а меѓу најострите критичари беше и писателката Ведрана Рудан.
printskrin Youtube-extra fm tairovic