Почетна Убавина и здравјеИдеална е за време на постите, а повкусна е од онаа со месо! – Убавина и здравје

Идеална е за време на постите, а повкусна е од онаа со месо! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за



Мусаката од зеленчук е совршена опција за ручек или вечера за време на постите, а кога ќе ја пробате, ќе ви стане поомилена од варијантата со месо

Состојки:
  • 4 големи тиквички
  • 2 големи компира
  • 2 големи кромиди
  • 2 средни црвени пиперки
  • 3 средни домати
  • 3-4 чешниња лук
  • 2 големи моркова
  • 200 г шампињони
  • 100 мл вода или бујон од зеленчук
  • 2-3 лажици брашно
  • сол и бибер, по вкус
  • суви зачини (мајчина душица, оригано, босилек), по вкус
  • свеж магдонос за декорација
Приготвување:

Измијте ги тиквичките и исечкајте ги на тенки кругови. Измијте ги компирите, излупете ги и исечкајте ги на тенки кругови. Ситно исечкајте ги кромидот, пиперките, доматите, лукот и морковите. Исчистете ги шампињоните и исечкајте ги на тенки резанки.


Поврзани објави

Во тавче на малку вода, продинстајте го кромидот додека стане стаклест. Додајте морков, пиперка и лук, па продолжете со динстање додека омекне зеленчукот. Додајте ги шампињоните и гответе додека се соберат. Додајте домати, сол, бибер и суви зачини. Продолжете со динстање додека се соедини смесата, додајте малку бујон од зеленчук или вода по потреба.

Во помало тенџере измешајте брашно со 100 мл вода или бујон од зеленчук. Гответе на тивок оган и постојано мешајте додека се згусне. Додајте малку сол по вкус.

Во подлабок плех ставете слој компири, па тиквички, па фил од зеленчук. Повторувајте ја постапката додека ги потрошите сите состојки, но завршете со слој од тиквички. Прелејте го сосот преку последниот слој тиквички.

Загрејте ја рерната на 200 степени. Покријте го плехот со фолија и печете околу 45 минути. Извадете ја фолијата и печете уште 10-15 минути додека тиквичките на врвот станат златнокафени. Извадете ја мусаката од рерна, оставете ја да се олади малку, па пресечете ја на парчиња. Декорирајте со свеж магдонос и послужете ја топла. Добар апетит!

ФОТО: Luis Covarrubias / Unsplash