Почетна ЕкономијаАХВ: Не издаваме HACCP дозволи, само ја контролираме работата на операторите со храна.

АХВ: Не издаваме HACCP дозволи, само ја контролираме работата на операторите со храна.

од nenad
2 минути читај за

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) остро го критикува настојувањето на вршителот на должноста градоначалник на Општина Кочани, Венко Крстевски, за, како што наведуваат, „оцрнување на стручноста и професионалноста на АХВ и нејзините вработени инспектори, преку социјалните мрежи глумејќи инспектор во угостителски објекти, за кои тврди дека се дивоградби“ и потенцира дека не издаваат никакви HACCP одобренија, туку единствено ја надгледуваат работата на субјектите кои работат со храна.

Тие истакнуваат дека АХВ е компетентна институција, а службениците совесно ја извршуваат својата работа и додаваат дека инспекциските надзори се реализираат во склад со Годишниот план за инспекциски надзори и по доставени приговори и иницијативи за итни инспекциски надзори.

„Професионално, АХВ не се меша во надлежностите на други институции, но, за тврдењата на в. д. градоначалникот во однос на работењето на АХВ, само го информираме дека Агенцијата не издава никакви HACCP дозволи како што тврди тој во јавноста, туку ја контролира работата на операторите со храна, само и исклучиво од аспект на исполнетост на општите и посебните услови за безбедност согласно законските и подзаконските акти кои ја уредуваат оваа материја, регистрирајќи ги како оператори со храна во регистарот на институцијата“, велат од АХВ.

Според овие прописи, додаваат, вршителот на должноста градоначалник не е овластено лице и не смее да врши инспекција кај субјектите кои работат со храна која се подготвува во угостителските објекти кои тој „ги контролира“ и која може да ја загади, влегувајќи во кујните без соодветна заштитна облека и поседување на санитарна книшка за потврда на неговата здравствена состојба.

„Во ниту едни прописи, ниту во националните, ниту во европските, не е дефинирано дали и какви фуги треба да има на плочките во кујните, а вработените лица во двете засебни кујни може да користат посебен санитарен јазол, што, како што беше јасно од видеото дека од угостителот е обезбедено, како засебно од она наменето за гостите“, посочуваат од АХВ.