Неговиот голем пријател почина во Виндзор во бизарна несреќа, а пред смртта извикувал само два збора!
Сунџај Капур, познат индустријалец, почина за време на меч по поло во Виндзор. Официјалната причина за смртта е срцев удар, но медиумите споменуваат можна анафилактичка реакција.
Сунџај Капур, познат индиски индустријалец и поранешен сопруг на актерката Каришма Капур, почина на 53-годишна возраст поради несреќен случај што се случи додека играл поло во Виндзор. Веста за неговата ненадејна смрт ги потресе не само неговото семејство и пријателите туку и пошироката јавност, особено во бизнис и кралските кругови, со оглед на тоа што беше близок пријател на принцот Вилијам.
Официјалното соопштение на компанијата Сона Комстар, чиј претседател беше Капур, наведува дека причината за смртта е „срцев удар“, додека медиумите пренесуваат и други детали за трагичниот настан. Според некои информации, срцевиот удар можел да биде предизвикан од бизарна несреќа – Сунџај наводно проголтал пчела, која го каснала што предизвикало анафилактички шок и довело до смрт.
Беше полн со живот, се смееше, се шегуваше, а потоа во еден миг исчезна,“ изјави пријател на семејството за The Mirror. Очевидци тврдат дека непосредно пред да му биде укажана помош, Сунџај извикал: „Нешто проголтав.“
Неговата смрт длабоко го потресе принцот Вилијам, кој се прости од својот близок пријател, додека колегите и пријателите од поло-клубот истакнаа колку ќе им недостасува.
Беше весел, љубезен и дарежлив човек, кој им обезбеди работа на многумина и стекна многу пријатели,“ изјави еден од нив за Telegraph Sport.
Сунџај Капур бил во три брака и остави три деца. Првата сопруга, дизајнерката Нандита Махтани, ја оженил во 1996 година, но бракот траел само четири години. Неговиот втор брак со актерката Каришма Капур, со која има две деца – Самајра и Киан, почна во 2003 година и заврши со развод во 2016. По тоа, Сунџај стапил во брак со боливудската ѕвезда Прија Сачдеј, со која го има синот Азариас.