Таа беше симбол на убавина во 1990-тите, а сега, во 53-та година од животот, Џени Гарт докажа дека вистинскиот блесок никогаш не згаснува. Славната актерка од култната серија „Беверли Хилс 90210“, по децении во фокусот на јавноста, првпат се соблече за реклама – и тоа за својата прва колекција на долна облека.
На фотографиите што ја преплавија мрежата, Гарт зрачи со самодоверба и природна убавина. Носи модели во неутрални тонови, кои ја истакнуваат нејзината фигура, со суптилен, но сензуален пристап кој веднаш ги освои фановите.
Зошто ова не се случи порано?“, прашуваат многумина на социјалните мрежи. Одговорот можеби лежи во нејзината одлука да ги слави телото и зрелоста токму сега – кога се чувствува најсилна, најспокојна и најсвоја.
Поврзани објави
Џени секогаш пленела со својата насмевка, но сега – со ова дрско појавување – таа докажа дека зрелата убавина може да биде еднакво заводлива.
Фото: Инстаграм