Ерик Клептон ја снимил песната Tears in Heaven во чест на Конор, со што ги освоил срцата на слушателите ширум светот
Конор Клептон, синот на познатиот музичар Ерик Клептон и Лори Дел Санто, имал само 4 години кога починал.
Момчето живеело со мајка му, но пред да почине, поминал забавен ден со татко му во циркус. На 20 март 1991 година мислел дека го чека уште еден таков возбудлив ден, но судбината имала поинаков план.
Имено, Ерик отишол во станот на Лори за да ги одведе неа и Конор во зоолошка градина. Конор возбудено разговарал со својата дадилка за идните планови, додека мајка му се бањала и се подготвувала за излегувањето. Лори му довикнала од бањата да побрза. Тој ѝ возвратил: „Само минута!“
Го слушнала Конор како трча, додека си играл криенка со дадилката. Ја слушнала и дадилката како трча, но домарот ја сопрел накратко за да ѝ каже дека го отворил прозорецот. Во тој момент, Конор истрчал низ прозорецот, кој обично личел на голем стаклен ѕид. Лори ја слушнала дадилката како вреска, дотрчала во собата и прашала каде е Конор. Кога го видела отворениот прозорец, знаела што се случило.
Само неколку минути подоцна, Ерик пристигнал за да ги одведе Лори и Конор во зоолошка градина. Лори биле неутешна и врескала дека Конор е мртов. Викнале брза помош, но не можеле да го спасат. Тој испаднал низ прозорецот, кој се наоѓал на 53. кат од зградата и паднал на врвот на другата зграда подолу.
Поврзани објави
Неколку дена пред несреќата, момчето го напишало своето прво писмо до татко му, а неговата мајка, италијанската манекенка Лори, го испратила на адресата на куќата на Клептон во Лондон, но писмото стигнало дури по смртта на детето.
Лори рекла:
„Бебето научи да пишува неколку зборови и ми кажа: ‘О, мамо, сакам да му напишам писмо на тато, што да напишам?’ Му кажав: ‘Па, напиши: те сакам’. Го напиша тоа и го испративме како обично писмо.
Кога Конор почина, јас и Ерик отидовме во Лондон за да го погребаме. Бев таму кога Ерик доби пошта веднаш по погребот, ја отвори и таму беше и писмото на Конор. Тоа е момент што не можам да го заборавам.“
Следната година, во 1992, Клептон ја напишал песната Tears in Heaven во чест на Конор, со која освои три награди „Греми“ за најдобар машки поп-вокал.
ФОТО: Инстаграм