Поради ниската калориска вредност, можете често да го консумирате ова месо
Пилешкото месо одамна има заземено почесно место во нашите кујни. Поради своите здравствени придобивки, покрај рибата, тоа спаѓа меѓу оние видови месо кои би требало почесто да ги консумираме.
Сепак, многумина забораваат дека нема поента да го купуваат месо ако потоа го преливаат со разни сосови кои содржат премногу калории. Лажиче масло во пилешкото не значи крај на светот, но секако треба да внимавате со што го комбинирате.
Ви споделуваме неколку совети од готвачи во ресторани:
1. Месото секогаш мора да биде свежо. Замрзнатото пилешко не е најдоброто решение, бидејќи ја губи сочноста во процесот на замрзнување.
2. Ако ви се чини дека некои делови од пилешкото се потврди, како кожата на крилцата, посолете ги малку и оставете ги да отстојат.
3. Кога приготвувате пилешко во тавче, мора да му оставете доволно место на секое парче за да се испече добро од секоја страна и да остане сочно.
4. Кога печете цело пиле, немојте да го сечете веднаш, туку оставете го да отстои неколку минути. Ќе биде многу посочно.
5. Кога пржите или печете пилешки гради, обидете се од секаде да бидат со еднаква дебелина, за да не се препечат рабовите и да не бидат тврди и суви.
6. Можете да добиете крцкава коричка на пилешкото така што пред печењето ќе го исушите пилето со хартиена салвета. Во спротивно, коричката ќе биде мокра.
Поврзани објави
7. Целото пиле ќе биде посочно ако во неговата внатрешност ставите малку лимон, лук и зачинско билје.
8. Месото треба да го печете околу 40 минути до еден час на температура од 200 степени. Ако сакате да биде уште посочно, покријте го пилето со фолија за печење и извадете ја при крај, за да се запече убаво коричката.
9. За да биде пилешкото помеко и посочно, ставете го да отстои во маринада од јогурт, кечап и вегета.
10. За да се испече полесно батакот, можете да ги извадите коските со пресекување на кожата околу горниот зглоб, па со засекување низ коската сè до другиот зглоб. Кога ќе се отвори така, одвојте го месото од коските, зачинете го и испечете го.
11. При печењето, треба повремено да го преливате пилето со сопствениот сок или да го премачкате со путер пред да го печете.
12. Пилешкото може да се премачка и со пиво, со што месото ќе добие слаткост и крцкавост.
13. За да ви биде ролатот од бело месо посочен, завиткајте во тенко исечкани парчиња сланина.
14. За бидат крилцата повкусни, пред да ги печете ставете ги во маринада од вегета, лук, црвен пипер, пиво и мед и оставете ги да отстојат неколку часа.
15. Комбинацијата на лимонов сок и пилешко е многу вкусна, особено ако го прелиете месото со мешавина од маслиново масло, мајчина душица, рузмарин и свежо цеден сок од лимон.
ФОТО: Freepik