Почетна Убавина и здравјеСвршеницата на најбогатиот човек се стегна во црна тантела и покажа тело – убиец (ФОТО)

Свршеницата на најбогатиот човек се стегна во црна тантела и покажа тело – убиец (ФОТО)

од nenad
1 минути читај за



Пловат со мегајахтата, а друштво им прави светскиот џет-сет.

Шефот на Амазон Џеф Безос и неговата свршеница Лорен Санчез знаат како да уживаат. Познатиот пар е виден во Италија со голем број познати пријатели, како актерот Леонардо ди Каприо и неговата млада девојка Виторија Серети, како и пејачката Кети Пери и актерот Орландо Блум.

Славните двојки беа фотографирани додека се симнуваа од брод на плажата Ники на Сардинија, а веселата дружина пловеше низ Медитеранот со суперјахтата на Безос „Кору“, чија изградба чинеше околу 500 милиони долари и траеше речиси пет години.

Шеесетгодишниот Џеф Безос и неговата 54-годишна свршеница привлекуваа внимание каде и да се појавија, а Лорен Санчез изгледаше многу привлечно во црните бикини над кои носеше црн, проѕирен, фустан за плажа.

Поранешната водителка ја врза црната коса во коњско опавче, а очите од сонцето ги заштити со очила за сонце. Во рацете држеше голема бела чанта, а нејзиниот партнер ја избра препознатливата црна маица со кратки ракави.

Фото: Профимедија