Пејачката Илда Шаулиќ и нејзиниот сопруг Бојан Вучковиќ, освен семејната куќа во елитната белградска населба Бежаниска коса, имаат и имот покрај реката, каде што особено уживаат кога времето е убаво.
Ќерката на покојниот „крал на народната музика“ Шабан Шаулиќ, Илда Шаулиќ и нејзиниот сопруг Бојан Вучковиќ се големи љубители на природата и секогаш кога ќе најдат слободно време, го поминуваат во викендицата во близина на Белград.
Се трудат да избегаат од градската гужва со нивната ќерка, а имајќи предвид дека имаат и чамец покрај куќата, уживаат и во пловењето.
Илда неколку пати на својот инстаграм-профил сподели моменти од нивната оаза на мирот, а повеќе фотографии можете да видите во продолжение.
Поврзани објави
Фото: Printscreen Instagram