Анастасија Гудељ (Ражнатовиќ) и нејзиниот сопруг Немања Гудељ на 6 мај ја слават семејната слава Ѓурѓовден.
Фудбалерот Немања Гудељ се огласил на својот инстаграм-профил, каде што сподели фотографија од нивниот дом во Севилја.
Како што можеме да видиме, на масата стои славскиот колач, прекрасно декориран, како и голема торта со икона на Свети Ѓорѓи. Тука се и бројни десерти, тесто и колачи.
Поврзани објави
Анастасија Ражнатовиќ ужива во Шпанија со својот сопруг Немања Гудељ, а неговото семејство им е голема поддршка. Двојката во последно време ѝ се посвети на верата и често споделуваат слики од црквата и од причестувањето.
Немања неодамна сподели фотографија на која го бакнува крстот и пали свеќа, а позитивните коментари не престануваат да се слеваат.
Фото: Printscreen Instagram