Почетна Убавина и здравјеКупил сè и сешто! – Убавина и здравје

Купил сè и сешто! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Овој човек им покажал на своите следбеници што сè може да се купи во Палермо за едно евро

Изгледа дека едно евро е доволно за да се почестите со некои од локалните специјалитети во Палермо.

Фернандо Масана на својот инстаграм-профил Rockin kitchen Sicily им ги претставува на луѓето најинтересните вкусови на Сицилија, но особено популарни се видеата во кои покажува колку евтино може да се помине таму.

Па така, хит е видеото во кое дегустира храна на пазар во Палермо и сè чини по едно евро.

Започнал со парче моцарела кое му го завиткале во хартија за да може да го јаде на нога.


Поврзани објави

Едно евро платил парче сицилијанска пица, како и аранчина, италијанска кнедла од ориз полнета со месо, кашкавал, зеленчук…

Свежа лимонада исто така чини едно евро, а му ја приготвиле на лице место и му ја послужила во пластична чаша.

На крајот, можел и да се заслади и за едно евро купил традиционални каноли.

Неговите следбеници констатирале дека имал одличен оброк за пет евра, сосе пијалак и десерт, а Фернандо потоа ги израдувал со видео во кое за 1-2 евра јадел ф’стаци, сендвич, фокача, пиел еспресо…

ФОТО: ИНСТАГРАМ