Пејачката сподели емотивна фотографија од детството со мајка ѝ и татко ѝ, која ретко се гледа.
Јелена Карлеуша повторно ги изненади своите следбеници на социјалните мрежи, објавувајќи ретка фотографија од своето детство. На фотографијата, таа е заедно со своите родители, Дивна и Драган, за време на прославата на нејзиниот прв роденден.
Фотографијата е особено значајна, бидејќи родителите на Карлеуша се развеле додека таа била мала. Мајка ѝ, Дивна, останала самохрана мајка и не се омажила повторно, додека татко ѝ, Драган, основал ново семејство и има уште два сина.
Поврзани објави
Во описот на фотографијата, Карлеуша напиша:
Тато и мама, еднаш одамна…”
Оваа објава предизвика многу емоции кај нејзините фанови, кои ја пофалија за споделувањето на таков интимен момент.
Пејачката е позната по тоа што отворено зборува за своето детство и семејството. Оваа фотографија е уште едно потсетување на нејзината искреност и блискост со своите следбеници.
printskrin Youtube-informer