Тамара Глоба важи за астролог со најточни прогнози, а еве што предвидува за мај 2025 година
Тамара Глоба ја споделила својата прогноза за последниот месец од пролетта. Астрологот открила кои нови случувања ќе ги донесе мај, затоа што ќе има пресврти и ќе предодреди многу од работите што ќе се случат во иднина.
„Овој мај носи нови можности во врска со мировните иницијативи, преговорите, желбата да се постигнат деловни резултати. Секој лидер во првата половина на месецот се манифестира на посебен начин, секој се обидува да инсистира на своето. Но истворемено, постои период на завршување стари проекти, сумирање на резултатите од односите што биле изградени во последните 20 години“, открива Тамара Глоба.
Мај ќе биде месец на отворање нови можности, своевиден темел. Времето ќе минува, а многумина ќе се сетат дека настаните што им го промениле животот се случиле во мај 2025 година.
Последниот месец од пролетта е идеално време за склопување нови договори и проширување на можностите. Овој период е особено поволен за младите – прашањата поврзани со образованието ќе бидат успешно решени.
Во врска со природните случувања кои ќе бидат најзначајни во мај, тие ќе се случат на почетокот, во втората и третата десетина во месецот.
Поврзани објави
„Во мај Сатурн првпат ќе премине од риби во овен – тоа ќе се случи во третата декада на месецот. Оние што правеле планови како лидери, ќе избледат во втор план.
Потребно е да ги организирате вашите активности, важно е да остварите врски со оние што ги делат вашите ставови“, советува Тамара Глоба.
Инаку, прашањата на заедницата ќе влијаат не само врз приватниот живот туку и врз целата држава. Многу од претходно воспоставените партнерства ќе бидат уништени и заменети со нови спогодби.
Мај е поволен и за решавање финансиски прашања. Исто така, добро време е за спорт, креативност и лични односи. Во сите области ќе се појават нови лица кои ќе имаат големо влијание во иднина.
„Мај е време на генерални откритија, но и во приватниот живот. Многумина ќе пронајдат нови врски за себе“, посочила Тамара Глоба.
Во мај завршува периодот на опозиција на Марс, па општите тензии ќе стивнат.