Почетна Убавина и здравје„Ја изгубив моќта за говор, косата ми опаѓаше“ – Зорица Брунцлик откри низ каков пекол поминала

„Ја изгубив моќта за говор, косата ми опаѓаше“ – Зорица Брунцлик откри низ каков пекол поминала

од nenad
1 минути читај за



Во најтешките моменти, нејзиниот сопруг Кемиш не се одвојувал од неа и ѝ бил најголема поддршка.

Фолк-ѕвездата Зорица Брунцлик во искрена исповед проговори за најтешкиот период во својот живот. Гостувајќи во една телевизиска емисија, таа откри колку тешко ја поднела смртта на мајка си и како тоа влијаело врз нејзиното здравје и психичка состојба. Сепак, токму тогаш сфатила дека нејзиниот сопруг Миролјуб Аранѓеловиќ Кемиш е човекот на нејзиниот живот.

Кога почина мајка ми, јас тогаш сфатив дека тој е вистинскиот за мене. Тешко ја поднесов нејзината смрт и единствено што посакував беше да заминам со неа,“ изјави видно потресената Зорица Брунцлик.

Таа призна дека во тие моменти ја изгубила моќта за говор и почнала да ја губи косата поради стресот.


Поврзани објави

Еден од најшокантните моменти, како што откри, бил кога за време на туширање не била свесна дека целата коса ѝ паѓа по телото. Во тој миг го здогледала сопругот, тоа бил пресвртниот момент кога пејачката сфатила дека мора да продолжи да живее.

Тој ја носеше истата болка заедно со мене и ми помогна повеќе од што некогаш можев да замислам,“ додаде Зорица Брунцлик.

Таа нагласи дека токму тие моменти ја увериле дека Кемиш е нејзиниот вистински животен партнер, човек кој знае што значи вистинска љубов и поддршка.

printskrin Youtube – PRAVO LICE ESTRADE BRUNCLIK PINKOVE ZVEZDA