Почетна Убавина и здравјеЦеца не може без ова! Еве што редовно и испраќа мајка и од родниот град

Цеца не може без ова! Еве што редовно и испраќа мајка и од родниот град

од nenad
1 минути читај за



Мајката на Светлана Цеца Ражнатовиќ, Мира Величковиќ, одгледува свињи, кози и мисирки, а месото им го испраќа на ќерките и внуците во Белград…

Фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ никогаш не ја криела љубовта кон родното место Житораѓа, каде што ги направила првите музички чекори и поминала значаен дел од детството со својата сестра Лидија. Иако сега живее во Белград, таа често се враќа во семејната куќа, каде што сè уште живеат нејзините родители.

Како што откриваат соседите, нејзината мајка Мира е скромна и трудољубива жена која посветено се грижи за здравјето на своите ќерки и внуци.

Токму од таа причина, таа веќе неколку години во Житораѓа одгледува живина и други домашни животни, а свежото и квалитетно месо им го испраќа директно во Белград. Свесна за квалитетот на производите на пазарите, Мира сака да биде сигурна дека нејзиното семејство се храни здраво.


Поврзани објави

Во дворот каде што порано живеела бабата на Цеца и Лидија, Мира има мала фарма со свињи, кози, овци, јагниња и мисирки. Иако е во пензија, таа речиси секој ден е на имотот, лично се грижи за животните и вложува многу труд во селските работи.

Неретко, во работите ѝ помага и внукот Вељко, кој често престојува во Житораѓа и има блиски односи со баба си и дедо си.

printskrin Youtube/K1 Televizija