Забележано е дека децата кои во своето детство покажуваат бес, им пркосат на авторитетите и се „борат“ со родителите, имаат поголема веројатност да бидат успешни во животот.
Ова го открива истражувањето спроведено во Луксембург, кое ги следело образованието и приходите на учениците, а резултатите покажале дека луѓето кои како деца им се спротивставувале на родителските правила, имаат поголеми шанси да продолжат со образованието и да направат напредок во својата кариера.
Покрај тоа, слични резултати потекнуваат и од студијата на Универзитетот во Пенсилванија. Универзитетскиот психолог Ангела Дакворт ова го дефинира како „борба“, односно упорност и страст за долгорочни цели.
Според неа, децата кои ја имаат развиено оваа особина веќе од раното детство имаат поголеми шанси да бидат успешни во своите кариери.
Поврзани објави
Децата, исто така, често ги користат бесот и тантрумите како механизми за изразување на своите емоции, особено кога се’ уште не знаат како да ги изразат своите чувства со зборови. И покрај тоа што понекогаш може да изгледа како природна реакција, ова е само дел од развојниот процес на детето.
Па, кога следниот пат вашето дете ќе ви пркоси на авторитетот или ќе има бес што трае со часови, не грижете се – можеби токму тоа е патот кон успехот.
Фото: Pexels/Karolina Grabowska