Трансформирајте ја старата комода во современо парче мебел со неколку едноставни чекори и малку имагинација
Не ја фрлајте старата комода само затоа што го изгубила својот некогашен сјај. Со малку трпение и неколку едноставни чекори, може да добие комплетно нов изглед.
Една корисничка на Инстаграм ѝ дала комплетно нов живот на комодата која веќе била изедена од забот на времето.
Прво, ја ослободила комодата од сè што било уништено. Ги извадила вратите, полиците и оковите, а потоа добро ја подготвила и ги исчистила сите површини.
Потоа, следел најважниот чекор – бојата. Таа одбрала прекрасна маслинестозелена нијанса, која на старото парче веднаш му дала комплетно нова енергија.
Поврзани објави
Внатрешноста добила потемен, дрвен изглед, што направило совршен контраст со зелената надворешност. Полиците, исто така, добиле нов изглед, а и старите окови биле вклопени во целата приказна.
На крај – завршните детали. Неколку ретро-предмети, билки, книги, стар часовник, шолјички и декорации… и комодата не била веќе само парче мебел, туку станала мало ретро-катче кое раскажува своја приказна.
Затоа, пред да ја фрлите старата комода, погледнете ја уште еднаш. Можеби не ѝ треба нов сопственик – можеби ѝ треба само малку имагинација и нов почеток.
ФОТО: ИНСТАГРАМ