Почетна Убавина и здравјеПритвор за ексминистерот за економија и уште 12 лица за пожарот во кочанската дискотека, се бара за уште шестмина

Притвор за ексминистерот за економија и уште 12 лица за пожарот во кочанската дискотека, се бара за уште шестмина

од nenad
1 минути читај за



На предлог на Јавното обвинителство на Кочани, судија на претходна постапка од Основен суд Кочани им одредил мерка притвор на 13 лица во траење од по 30 дена, во истрагата за пожарот со 59 жртви во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март.

Меѓу нив се поранешниот министер за економија Крешник Бектеши и Размена Чекиќ-Дуровиќ, која е одговорна  за оваа издадена лиценца за работа на „Пулс“ како кабаре. За уште шестмина е побаран притвор од 30 дена, но допрва судијата ќе одлучува за нив. Сите овие претходно имаа двапати по 48 часа притвор.


Поврзани објави

Први кои добија ефективен притвор од по 30 дена, беше групата од 7 инспектори и началници од СВР Штип и од  (ПС) Кочани кои давале позитивни мислења за неисправниот објект да добие дозвола од Министерството за економија.

Предметот веќе не е предистрага. Јавното обвинителство на Кочани ноќеска донело наредба за спроведување истрага. Во неа се опфатени 27 физички и три правни лица (фирми) во врска со катастрофалниот пожар во дискотеката.

За ноќешните апсења во Кочани и во Општината, уште нема информации, тоа е нова група осомничени.