Почетна Убавина и здравјеОктај Сејди во друштво на најзгодните мажи во светот – Убавина и здравје

Октај Сејди во друштво на најзгодните мажи во светот – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Октај Сејди претстави дел од кандидатите на изборот Mister International 2026

Стилистот Октај Сејди е нашиот претставник на престижниот избор Mister International 2026, кој ќе се одржи на 26 септември во Тајланд.

Тој веќе пристигна таму и започна со подготовките за главниот настан, а мора да признаеме дека одлично се вклопил во друштвото на некои од најзгодните господа во светот.

Имено, Октај објави видео на својот инстаграм-профил во кое претставува дел од кандидатите на изборот и мора да признаеме дека трката навистина е тесна.


Поврзани објави

Во видеото можеме да ги видиме претставниците на Турција, Гана, Филипини и Порторико – сите различни и впечатливи на свој начин.

Кој од овие мистери ви се допаѓа најмногу? Какви резултати му прогнозирате на нашиот претставник Октај Сејди?

ФОТО: ИНСТАГРАМ