Почетна Убавина и здравјеЛекувањето ќе биде бесплатно за повредените – Убавина и здравје

Лекувањето ќе биде бесплатно за повредените – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Десет пациенти што беа хоспитализирани во земјава денеска ќе бидат испишани од болница, што е добра вест, соопшти министерот Арбен Таравари, на денешната прес-конференција по состанокот на кризниот штаб.

Тој каѓа дека вкупно 162 лица сè уште се лекуваат од последиците на пожарот.

Од нив, 47 се во домашните болници: 25 пациенти во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, 12 во ГОБ „8 Септември“, 11 во Градската општа болница и 1 пациент во Штип. Вчера биле отпуштени 3 пациенти, а денеска со болничко лекување ќе завршат уште 10 пациенти – 1 од Штип, 1 пациент од Детска хирургија, тројца од ЈЗУ Универзитетска клиника за торакална и васкуларна хирургија Скопје и 5 од приватните болници „Аџибадем Систина“ и „Жан Митрев“.

Во странство се лекуваат 115 пациенти.

Во Србија има 30 пациенти, од кои двајца се екстубирани. Во Бугарија има 15 пациенти, од кои тројца се екстубирани и сите се во стабилна состојба, иако некои се покритични. Во Грција има 12 пациенти, од кои двајца се во критична состојба.


Поврзани објави

Во Турција има вкупно се 12 пациенти – 6 во Анкара, кои се веќе екстубирани, како и 6 во Истанбул. Министерот истакна дека 1 пациент во Турција е во многу сериозна состојба, а останатите се во сериозна состојба, но стабилни.

Во Шпанија се 7 пациенти, во Австрија 5, од кои двајца веќе се префрлени во обичен болнички оддел. Во Унгарија има 6 пациенти, од кои еден е фебрилен, а друг има кашлица, додека другите се стабилни.

Во Хрватска има 5 пациенти, од кои еден е интубиран, но стабилен, а другите се сосема стабилни. Во Словенија се четворица пациенти, тројца од нив во посериозна состојба. Во Литванија има четворица, од кои 1 пациент е екстубиран, додека, пак, во Белгија има четворица стабилни пациенти. Во Италија четворицата пациенти веќе се во многу добра состојба, додека, пак, во Шведска има 4 пациенти, од кои двајца се сосема стабилни. Во Полска има двајца пациенти, еден од нив е интубиран, посочи Таравари.

Министерот потенцираше дека повеќе не се праќаат пациенти надвор од земјата,сите, кои останаа тука, се стабилни.

Во однос на трошоците за лекувањето во странство, Таравари јасно рече дека лекувањето е бесплатно.