10
По две години борба со тешката болест Neuroblastoma Metastaticum, тригодишната Тара Младенов денес го заѕвони победничкото ѕвонче на Детската клиника во Скопје, симболизирајќи крај на лекувањето, пишува ТВ СТАР.
Тара, близначка и ќерка на Христина и Петар Младенови, се соочила со дијагнозата неколку месеци по раѓањето. Лекувањето го поминала во Скопје, Љубљана и Истанбул. Мајката Христина со емотивна објава ја сподели радосната вест и им се заблагодари на сите што биле дел од нивната борба.
Храброто девојче сега е симбол на надеж и сила за сите семејства кои се борат со слични предизвици.