Инспекциските служби вршат увид во документацијата за работењето на дискотеката „Пулс“
Бројот на притворени лица во врска со трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани продолжува да расте, додека инспекциските служби денеска извршија детален увид во документацијата на Општина Кочани поврзана со работењето на дискотеката.
Според најновите информации, 14 лица се приведени, меѓу кои и поранешниот министер за економија Крешник Бектеши и поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски. Судија на претходна постапка им одреди краткотраен притвор од 48 часа.
Поврзани објави
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изјави дека во дискотеката „Пулс“ за време на несреќата имало околу 500 лица, иако биле продадени околу 250 карти. Ова укажува на можни прекршувања на безбедносните протоколи и капацитетите на објектот.
Инспекциските служби денеска влегоа во Општина Кочани за да извршат увид во целокупната документација поврзана со работењето на дискотеката „Пулс“. Овој чекор е дел од пошироката истрага за утврдување на одговорноста и можните пропусти кои доведоа до трагедијата во која загинаа 59 лица, меѓу кои и малолетници.
принтскрин социјални мрежи и Јутјуб