Почетна Убавина и здравјеУште 12 повредени префрлени на лекување во Србија, тројца во Грција и двајца во Австрија

Уште 12 повредени префрлени на лекување во Србија, тројца во Грција и двајца во Австрија

од nenad
1 минути читај за



Вкупно 29 пациенти од пожарот во Кочани се лекуваат во Србија; дел од повредените се префрлени и во Грција и Австрија

Вечерва, со авионски транспорт, уште 12 повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани беа префрлени на лекување во Белград. Четворица од нив ќе бидат хоспитализирани во Воено медицинската академија, а осум во Универзитетскиот клинички центар, потврди д-р Игор Николов, контакт-лице за информации поврзани со состојбата на пациентите во странство. Со ова, вкупниот број на пациенти префрлени во Србија се искачи на 29.

Покрај тоа, двајца повредени се испратени на лекување во Виена, Австрија, а тројца во Атина, Грција. Во меѓувреме, на Клиниката за токсикологија во Скопје се хоспитализирани 10 лица со интоксикација од гасови, а сите пациенти кои беа на лекување во Кочани се префрлени во Скопје. Дополнително, три лица се под опсервација поради вдишување на гасови.


Поврзани објави

Во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој се случи на 16 март, животот го загубија 59 лица, а 155 беа повредени. Дел од повредените се хоспитализирани во болниците низ земјата, додека потешките случаи се префрлени на лекување во странство.

Фото: принтскрин – Јутјуб – Сител Телевизија