Ретко кој знае дека славниот актер Горден Кеј, кого сите го паметат по улогата на Рене во култната серија „Ало, ало“, имал многу тежок живот
Актерот Горден Кеј, кој се прослави со улогата на Рене во култната серија „Ало, ало“, починал во 2017 на 76-годишна возраст, во дом за пензионери каде што ги поминал своите последни години.
Малкумина знаат дека актерот страдал од тежок облик на деменција и дека во своите последни денови не препознавал никој од семејството и пријателите.
„Не се препознаваше ни себеси, стоеше и разговараше, но не нè познаваше веќе. Многу зборуваше, но ништо од тоа немаше смисла. Беше во некој свој мал свет“, рекол Рејмонт Шателворт, сопруг на роднината на Горден, Шајла.
„Не сум премногу тажен, бидејќи нему смртта му дојде како благослов. Немаше шанси да му се подобри ситуацијата“, рекол Шателворт по неговата смрт.
Наводно, за него се грижела и неговата колешка од серијата „Ало, ало“, актерката Сју Хоџ, која ја глумеше келнерката Мими, со која Рене имаше афера.
Поврзани објави
„Немаше ни браќа ни сестри, само роднини. Никогаш не се ожени и остана сам до крајот. Беше многу осамен. Сето тоа е многу тажно“, раскажал Шателворт.
На неговата актерска кариера ѝ пресудила несреќата од 1990 година, кога се здобил со тешки повреди на главата и го изгубил помнењето. Неговиот соработник Џереми Лојд, кој исто така работел на неговите мемоари, кажал дека му помагале да закрепне така што му пуштале епизоди од серијата „Ало, ало!“.
Во автобиографијата од 1989 година открил дека е геј и пишувал дека имал тешка младост како „дебелко, срамежливо геј момче“.
ФОТО: Принтскрин Инстаграм