Почетна Убавина и здравјеЛансиран е пред 31 година, а и понатаму е на врвот – Убавина и здравје

Лансиран е пред 31 година, а и понатаму е на врвот – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Врз основа на рецензиите, овој парфем се смета за најдобриот

Овој парфем, кој настанал пред 30 години, и понатаму ја зазема позицијата на најголем бестселер, со оглед на тоа што на глобалната онлајн-продавница Амазон има повеќе од 30 илјади позитивни рецензии.

Станува збор за познатиот парфем од брендот „Келвин Клајн“ – CK ONE.

Парфемот е лансиран пред 31 година, поточно во 1994, како првиот парфем наменет и за мажи и за жени. Кога се појавил, веднаш привлекол огромно внимание.


Поврзани објави

Уште тогаш масовно го купувале, а и денес ситуацијата е таква.

Во моментот кога се појавил, парфемот заработил повеќе од 5 милиони долари во првите 10 дена. Исто така, тој е еден од поевтините парфеми, па речиси секој може да си го дозволи.

Спаѓа во групата на цитрусни и ароматични парфеми.

  • Горни ноти: лимон, бергамот, мандарина, ананас, кардамом и папаја
  • Средни ноти: момина солза, јасмин, темјанушка, роза, мускатно оревче, корен од ирис и фрезија
  • Базни ноти: зелен акорд, мошус, кедар, сандалово дрво, дабов мошус, зелен чај и килибар

ФОТО: Karolina Grabowska / Pixabay, Pinterest