На доделувањето на наградите БАФТА, Аријана Гранде се појави во фустан кој беше креативен хаос. Со сигурност можеме да кажеме дека овој пат направи модна утка!
Аријана Гранде избра тоалета на Луј Витон направена специјално за неа, уште еднаш оддавајќи ѝ почит на Глинда, филмскиот лик што го толкуваше. Идејата беше добра, фустанот требаше да биде модерна верзија на гламурозниот стил на стариот Холивуд.
Да се разбереме, ние го сакаме и цениме Луј Витон. Но фустанот изгледа како два различни фустани да се случајно споени во еден.
Дизајнот, инспириран од џиновска гума за џвакање, повеќе наликува на волуматозен краток фустан, поточно здолниште, со црн горен дел од боди, кој повеќе изгледа како фустанот да ѝ се свлекол, а долната облека сè уште ѝ е горе, отколку како луксузен тоалета.
Поврзани објави
И колку и да сме отворени за модни експерименти и нови дизајнерски решенија, крајниот резултат треба да биде пријатен за окото.
Овој изгледа недовршено.
Фото: Printscreen Instagram