Полека, но сигурно стигнавме до првата бараж-епизода од музичкото талент-шоу „Пат до Ѕвездите“, која ќе емитува вечерва со почеток во 20:30 часот на телевизија „Алфа“ и „Балкан Мјузик“.
Полека се стеснува „обрачот“, но сепак дел од натпреварувачите ќе добијат уште една шанса, а дел ќе мора среќата да си ја пробаат следната сезона.
Вечерва ќе се емитува токму првата бараж-емисија, во која тројца кандидати ќе имаат можност уште еднаш да се претстават пред стручната жири-комисија, на чело со Роберт Саздов, Стојне Николова и познатиот фолк-пејач Маријан Коцев.
Кој ќе обезбеди пласман за понатаму, а кој ќе си оди дома, ќе дознаете во ова најново издание на „Пат до ѕвездите“.
Жирикомисијата дефинитивно нема да има лесна задача, напротив тие ќе мораат еден од тројцата кандидати да го испратат дома, а кој ќе биде тоа, дознајте вечерва со почеток во 20:30 часот.
Поврзани објави
Погледнете ја најавата:
Текст и фото: ПР