Почетна Убавина и здравјеНекогаш беше еден од најплатените актери, а денес изгледа страшно! – Убавина и здравје

Некогаш беше еден од најплатените актери, а денес изгледа страшно! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Ангус Џонс глумеше во ТВ-серијата „Два и пол мажи“ покрај Чарли Шин и веднаш ја освои публиката, поради што брзо го доби статусот на најплатена детска ѕвезда

Некои велат дека славата му удрила во глава, па додека стане возрасен човек, Ангус сосема се променил – пуштил брада и коса, почнал да се моли и да верува во враќањето на Исус Христос.

Пријател близок на неговото семејство во една пригода рекол дека младиот актер се свртел кон црквата, бидејќи не сакал да заврши како Чарли Шин, додека свештеникот Кристофер Хадсон од христијанската служба Forerunner Chronicles изјавил дека тој не се обидел да му го испере мозокот на актерот, како што се сомневала мајка му Кери.

Но Ангус загрижи многумина со изјавата за серијата што му донесе огромно богатство:


Поврзани објави

„Глумам во таа серија, но не сакам да бидам во неа. Ве молам престанете да ја гледате и да си ја полните главата со ѓубре. Кога би знаеле какви последици оставаат врз вашиот мозок, верувам дека веднаш би престанале да гледате такви содржини. Не е возможно истовремено да се биде вистински побожна личност и да се учествува во таква серија. Тоа потполно се коси со она што го проповеда Библијата.“

Пред некој ден бил виден во Лос Анџелес по подолго време илегала. Ангус воопшто не личи на малиот Џејк по кого што го познаваме. Денес има 31 година и ретко се појавува во јавност. Живее во Лос Анџелес, но веќе не се занимава со глума.

ФОТО: Јутјуб, Инстаграм