На социјалните мрежи се појави фотографија од Оливер Мандиќ во друштво на Лепа Брена, но без неговата позната марама.
Пејачот Оливер Мандиќ, кој неодамна имаше тешка операција на ‘рбетот, со години има препознатлив стил, дел од кој е незаменливата марама. Пејачот речиси никогаш не се појавува без неа, па денес многумина се прашуваат како изгледа Оливер без марама.
На една страница на Инстаграм се појави фотографија од Мандиќ на која друштво му прави Лепа Брена. Судејќи по ликот на Брена, можеме да заклучиме дека нејзините колеги тогаш биле добро расположени, но овојпат вниманието на пејачката и го украде колегата кој на оваа фотографија е без неговиот заштитен знак.
Поврзани објави
Мандиќ ретко зборува за себе, што го прави неговиот приватен живот уште поинтригантен. Пејачот со години е во хармоничен брак со сопругата Маја со која се ожени во 2000 година, а десет години подоцна ја добија ќерката Хана.
Тие тројца многу ретко се појавуваат заедно во јавноста, но направија преседан во септември минатата година на отворањето на театарот „Одеон“ во сопственост на Жељко Митровиќ, блискиот пријател на Мандиќ.
Според пишувањата очигледно е дека Оливер марамата ја нои само како препознатлив белег без некој посебен мотив.
printskrin Youtube-MONDO PORTAL