Божиќниот пост е во тек и трае до 7 јануари (40 дена), кога завршува со полноќна литургија. Во шесте недели од Божиќниот пост не се јаде месо, млечни производи и јајца, додека маслото и виното се дозволени во сите денови освен среда и петок, кога се пости „на вода“.
Основни состојки за посни колачи без печење
Основните состојки за посни колачи без печење се главно мелени бисквити, мелени ореви и шеќер.
Постојат неколку видови брзи колачи кои не се печеат, а на сите им е заедничко што не ви треба многу време за да ги приготвите. Можете да ги направите во секое време од денот, а најдоброто од се’ е што ќе потрошите минимална количина на енергија и труд.
Доколку немате идеја како да приготвите брзи посни колачи кои не се печат, ви даваме неколку примери подолу:
Посна бајадера:
– 300 г посен мелени бисквити
– 200 г мелени ореви
– 250 г шеќер
– 1 ванилин шеќер
– 10 лажици вода
– 200 г посен маргарин
– 150 г посно чоколадо за готвење
За глазура:
– 3 лажици шеќер
– 3 лажици вода
– 3 лажици масло
– 100 г посно чоколадо за готвење
Приготвување:
Во тенџере истурете шеќер, вода и ванилин шеќер, па варете додека зоврие смесата. Тргнете од оган, додајте го маргаринот и мешајте додека се растопи маргаринот.
Потоа додадјте мелени бисквити и мелени ореви, па сè убаво измешајте. Добиената смеса поделете ја на два дела. Едниот дел оставете го жолт, а во другиот додајте растопено чоколадо.
Во правоаголната тава прво истурете го делот со чоколадото, а потоа вториот дел од смесата. Оставете ја во фрижидер.
Направете ја глазурата само кога колачот целосно ќе се стегне. Во тенџере истурете масло, вода, шеќер, маргарин и чоколадо за готвење, па мешајте на шпорет додека се соединат сите состојки.
Додека е топла глазурата, прелијте ја врз колачот и оставете го да се излади. Потоа бајадерата исечкајте ја на коцки и послужете ја.
Посен чизкејк
Состојки:
За кората:
– посен, мелен бисквит – 300 г
– посен маргарин – 125 г
Поврзани објави
– сок од портокал – 150 мл
За белиот фил:
– павлака – 500 мл
– посен маргарин – 250 г
– желатин – 20 г
– вода – 100 мл
Фил со овошје:
– малини – 800 г
– шеќер – 10 лажици
– желатин – 20 г
– вода – 100 мл
Приготвување:
Кора: Во соодветен сад се става мелениот кекс, се додава растопен посен маргарин, па се меша. Додајте сок од портокал и измешајте сè за да се соединат сите состојки. Приготвената смеса рамномерно распоредете ја во тавата за печење.
Бел фил: Посната слатка павлака се мати со миксер, се додава посен маргарин и убаво се мати со миксер. Растворете го желатинот во вода, ставете го на оган, варете 2 минути.
Потоа, се трга од оган и се остава да се излади 2 минути, па постепено се додава во шлагот и маргаринот, непрекинато матејќи со миксер. Добиената маса нанесете ја над кората.
Овошен фил: Во тенџере ставете малини, додајте шеќер и измешајте. Растворете го желатинот во вода и истурете го во тенџерето, измешајте. Ставете го тенџерчето на оган и варете додека ја добие потребната густина.
Се остава да се излади, па се нанесува врз белиот фил.
Рафаело-топки
Состојки:
– 150 г кокос
– печени лешници – 30 парчиња
– 250 г маргарин
– 200 г шеќер во прав
– 100 г посно млеко во прав
– 150 кокос
Маргаринот се остава да отстои на собна температура, па се мати со миксер заедно со шеќерот во прав.
Додајте млеко во прав, па изматете уште малку. Потоа додајте го кокосот.
Ова е смесата од која ќе обликувате топчиња, а внатре ќе ставите еден лешник. Потоа секое топче валајте го во кокосот и ставете го во корпата.
Фото: Pexels