Неколку недели по доделувањето на „златните глобуси“ во Лос Анџелес, Деми Мур и Кајли Џенер се сретнаа на церемонијата на БАФТА во Лондон. Актерката првиот пат ја игнорираше милијардерката и ријалити-ѕвезда, а што се случи овој пат?
Деми Мур на Златните глобуси се доближи до масата на која седеа Кајли Џенер, нејзиното момче и актер Тимоти Шаламе и актерката Ел Фенинг. Таа се поздрави со сите, освен со ријалити-ѕвездата, што се смета за игнорирање, иако ќерката на актерката подоцна изјави дека тоа не се случило, но дека нејзината мајка не забележала дека најмладата ќерка на Крис Џенер сака да се поздрави со неа, што инаку беше очигледно.
За време на втората средба меѓу Деми Мур и Кајли Џенер на БАФТА-наградите, игнорирањето не се повтори, но на мрежата Икс се коментира дека Кајли очајно сакала актерката да ја забележи и дека се трудела тоа да се случи.
Поврзани објави
Погледнете ја нејзината реакција во 5-та секунда:
Видео: Youtube