Table of Contents
Подигнатите леи се вистински градинарски хит последниве 10 години
Сè повеќе луѓе практикуваат градинарство како хоби. Добро е за рекреација, а уште подобро е за здравјето, бидејќи консумирате свои производи. Но вистина е дека градинарството е напорно и потребна е голема посветеност од утро до мрак.
Сепак, последниве 10 години во светот постои тренд во градинарството кој подразбира садење во издигнати леи, кои се практични од повеќе причини:
- можете сами да ја одберете земјата
- го садите само она што ви е неопходно
- нема копање
- нема плевење
на мала површина можете да одгледувате повеќе култури
Оние што пробале градинарство во подигнати леи веќе не се враќаат на традиционалното, бидејќи е полесно и поисплатливо. Можете да имате градина и во мал двор, бидејќи за една паметна градина ви треба само 1 квадрат земја.
Како се прават подигнати леи или градинарски кревети?
1. Од вреќа песок
Направете леа користејќи вреќа песок. Добиената леа наполнете ја со отпад (кори од јаболка, банани, лушпи од јајца, кори од компири, моркови, талог од кафе), а одозгора ставете слој земја – компост. Посадете ги посакуваните садници.
Поврзани објави
2. Од трупци
Леи можете да подигнете и направите од трупци. Важно е да ги преградите за да не ви истекува земјата од страна кога ќе почнете да ја полевате градината. Најдобро е да направите онолку леи колку што сакате да садите зеленчуци. На пример, една леа нека ви биде за кромид, друга за спанаќ и слично.
3. Од штици
Ако сте граделе куќа, сигурно ви останало многу материјал. Штиците што ви служеле за малтерисување, сега можете да ги искористите за правење подигнати леи.
4. Бетонски леи
Можете да ги бетонирате леи, како што се правело порано за цветните леи. Во бетонските леи убаво ќе ви пораснат сите видови зеленчук, а помеѓу нив нема да има кал и коров.
Се препорачува да направите леи од штици или од некој материјал што може да се расформира и повторно да се направи по некое време. Така ќе можете да ја менувате земјата во леите и да го добиете најквалитетното органско ѓубриво во нив, додека зеленчукот ќе ви расте подобро и повеќе одошто во обичните градини.
ФОТО: Јутјуб