Салатата од цвекло треба да се консумира претпазливо, бидејќи одредени групи на луѓе никако не смеат да ја јадат
Цвеклото важи за еден од најздравите зеленчуци. Консумирањето цвекло ги регулира процесите на хематопоеза и метаболизмот во телото. Цвеклото има диуретички својства, го снижува крвниот притисок, помага во случај на констипација и слично.
Поради неговиот нискокалоричен состав, се препорачува во исхраната на луѓето кои се борат со вишокот килограми. За здрава возрасна личност, се препорачуваат 50-200 г цвекло дневно. Можете да јадете и до 300 г дневно, доколку сте спортисти или имате активен начин на живот.
Еве за кои болести се препорачува консумирање свежа и готвена салата од цвекло:
Поврзани објави
- хипертензија – бетаинот го снижува крвниот притисок
- констипација – влакната ја подобруваат перисталтиката на цревата
- анемија – високото количество на железо поттикнува хематопоеза
- болести на црниот дроб – цвеклото помага за отстранување на токсините
- дебелина и дијабетес – ниската содржина на калории помагаат за контрола на тежината, но поради високиот гликемиски индекс, треба умерено да се консумира готвено цвекло
- атеросклероза – ги прочистува крвните садови и го намалува нивото на лош холестерол
За кои болести не се препорачува да се јаде цвекло?
- гастритис со висока киселост, чир на желудникот – цвеклото го стимулира производството на желудочен сок
- уролитијаза – може да придонесе за создавање камења во бубрегот
- дијареја и синдром на нервозни црева – може да ги засили симптомите
- дијабетес (особено тип 2) – готвеното цвекло има висок гликемиски индекс, што може да го покачи нивото на шеќер
- хипотензија – цвеклото може прекумерно да го снижи крвниот притисок
ФОТО: Radek Grzybowski / Unsplash