Случувањата поврзани со Милица Тодоровиќ и нејзиниот партнер и понатаму предизвикуваат силни реакции во јавноста. По бројните медиумски написи и шпекулации, се огласи и нејзината сестра со јавна порака.
Милица се породи на 3 февруари и го роди синот Богдан, а радосниот настан беше проследен со големо медиумско внимание. Причината не беше само нејзиното мајчинство, туку и информацијата дека таткото на детето е оженет, што предизвика бурни реакции на социјалните мрежи и во јавноста.
По двете јавни обраќања на Милица, на денот кога го напушти породувалиштето, се огласи и нејзината помлада сестра, Анѓела.
Анѓела на социјалните мрежи сподели порака со која, индиректно, ја поддржа својата сестра, истакнувајќи:
Поврзани објави
Вистината секогаш има две лица, две страни… затоа не судете!“, а потоа додаде и кратка, но јасна порака:
„Полека.“
Во меѓувреме, пред зградата во една луксузна белградска населба се појавил дувачки оркестар, кој отсвирел десетина композиции. Настанот им го привлекол вниманието на соседите, кои изјавиле дека сè било целосно неочекувано и дека многумина помислиле дека музиката е наменета за Милица.
Фото: Printscreen Instagram