Шарлота е француска тиктокерка, која за станче во Париз плаќа 500 евра месечно
Француска тиктокерка покажала како изгледа нејзиниот животен простор. Таа ги шокирала луѓето кога ги отворила вратите од својот стан од само 9 квадрата, за којшто плаќа 500 евра месечно!
Шарлота живее веќе пет години во станот и цели пет години таа плаќа кирија од 500 евра. Овој стан се наоѓа во 17. париски арондисман, дел на Париз каде што некои од најпознатите компании имаат свои седишта.
Таа покажала како максимално го искористила секој агол од станот, а и покрај малиот простор, таа ужива во една посебна погодност, поради која многумина ѝ завидуваат: поглед на Париз!
@lamaisonvictoria_ 500€ pour 9m2 dans le 17ème arrondissement de Paris. Merci @sarlotte pour cette découverte. ✨ #paris #hometour ♬ son original – La Maison Victoria
Поврзани објави
Таа покажала дека може да се качи на покривот, каде што има волшебен поглед на Париз, еден од најубавите градови во светот.
Инаку, тиктокерите во коментарите се запрашале дали е легално да се изнајмува толку мал простор, а некој пронашол податок во законот, според кој станбениот објект мора да има повеќе од девет квадрата и дека таванот не смее да биде понизок од 2,2 метра.
Дали вие би живееле во центарот на Париз под вакви услови?
ФОТО: Принтскрин ТикТок