14
Table of Contents
Ви откриваме рецепт за заборавениот турски десерт – пелте
Состојки: (мерката е чаша од 200 мл)
- 2,5 чаша ладна вода
- 1 чаша џем од јаболка (ако не сакате да е толку слатко, може да употребите пола чаша)
- пола чаша брашно
За преливот:
- 50 г путер
- околу 1 чаша крупно мелени ореви
Приготвување:
Поврзани објави
Во тенџере сипете вода, па додајте чаша џем и брашно. Сето тоа добро измешајте го за да се разбијат грутките. Префрлете го тенџерето на оган и внимателно мешајте до точка на вриење, па мешајте уште 2-3 минути додека се зготви.
Префрлете ја смесата во тепсија и оставете да се олади. Одозгора додајте стопен путер и сечкани ореви.
Совети:
- Откако ќе додадете брашно, добро промешајте за да добиете хомогена смеса, а потоа ставете ја на шпорет. (Нема да се создадат грутки)
- Најдобро е да го послужите десертот ладен или млак.
ФОТО: Принтскрин Јутјуб