Актерката Анџелина Џоли одлучила да го покаже своето тело на прагот на шестата деценија и сите коментирале само едно нешто
На Меѓународниот филмски фестивал во Санта Барбара се појавила и Анџелина Џоли, која сè уште го промовира филмот „Марија“ во кој го толкува главниот лик, Марија Калас.
За таа пригода, актерката облекла бел, тесен проѕирен фустан со отворен грб, под кој носела само гаќички.
Голите гради јасно се исцртувале под тенката свилена ткаенина, а актерката неколку пат наметнала свилен бел блејзер за да го покрие колку-толку своето разголено тело.
Поврзани објави
Анџелина периодов полека премина од атрактивна бринета во русокоса со долга, права коса, која за оваа пригода ја пуштила слободно да ѝ паѓа на грбот, на којшто јасно се гледале нејзините тетоважи.
Оваа нејзина појава не поминала незабележано на социјалните мрежи, каде што сите пишувале дека актерката е неприродно слаба и дека не би ѝ штетело да качи некој килограм плус.
ФОТО: Принтскрин Инстаграм @officialsbiff