Почетна Убавина и здравје„Грешно“ издание на Џенифер Лопез (ФОТО) – Убавина и здравје

„Грешно“ издание на Џенифер Лопез (ФОТО) – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Џенифер Лопез знае да биде во центарот на вниманието, а овој пат самоуверено изнесе драматична тоалета, која секако е една од нејзините незаборавни модни приказни.

Прекрасната Џенифер Лопез уште еднаш успеа да го привлече вниманието кон себе со својот моден избор, кога на доделувањето на грем-наградите 2025 година се појави во една од најпровокативните тоалети.

Навикнати сме жена со совршено тело да може да носи што сака и да се осмели да прави најхрабри комбинации, но… По разводот со Бен Афлек, таа изгледа посреќна, посамоуверена и – уште поубава.

Џеј Ло знае како да привлече внимание, а тоа го докажа и на овој настан, иако не се појави на црвениот тепих, туку на сцената.

Таа блесна во незаборавен стајлинг, кој е невозможно да се игнорира, а секси-креацијата ја дизајнираше парискиот дизајнер Стефан Ролан.


Поврзани објави

Модната приказна што ја раскажа Џенифер се состои од црна минималистичка, класичена ролка со долги ракави, додека долниот дел е сосема спротивен – здолниште со светки, проѕирно, во боја на шампањ со драматични детали.

Детаљот што никој не го пропушти беше на страната, каде што кожата ѝ беше изложена до бутовите, со што беше очигледно дека дивата не носи долна облека.

Својот храбар стајлинг го комплетира со црни ракавици и впечатлив прстен, како и пуштена коса и глам-изглед, кој вклучуваше нагласени очи и неутрални усни за да се акцентира оваа бајковита креација, која Џеј Ло самоуверено ја носеше.

Фото: Инстаграм