Почетна СветТелеграма со сочуство упати Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи на Македонија по повод упокојувањето на г.г.Анастас, Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија 

Телеграма со сочуство упати Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи на Македонија по повод упокојувањето на г.г.Анастас, Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија 

од nenad
1 минути читај за

Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) на Македонија, г-ѓа Оливера Трајковска испрати телеграма со сочувство до Светиот архиерејски синод, како и до свештенството и верниот народ на Православната црква на  Албанија по повод упокојувањето на Нивниот првоерарх, Неговото блаженство, Архиепископот на Тирана, Драч и на цела Албанија, г. Анастас.

ТЕЛЕГРАМА СО СОЧУВСТВО

Ваши Високипреосвештенства,

Дозволете ми од името на македонските граѓани и од мое лично име како директор на македонската Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи да го изразиме нашето сочувство со Албанската православна црква и албанскиот православен народ поради упокоението на нејзиниот Поглавар, г. Анастас Јанулатос, Архиепископ на Тирана, Драч и на цела Албанија.

Изразувам длабоко сочувство до Вас и со нажалено срце станувам дел од Вашите молитви. Албанската помесна црква во овие денови се соочува со загуба од натчовечки размери. Смртта на неговото Блаженство архиепископот Анастасиј е загуба на еден духовен татко на една Помесна црква, загуба на еден народ, загуба на целата Вселенска црква.

Блаженоупокоениот архиепископ чија што евангелска дејност беше препознаена, посведочена и афирмирана од цела православна и христијанска екумена, го красеше одлика на вистинска човечност, пожртвуваност и умносрдечност.

Бог да му подари Царство небесно на новопретставениот архиепископ г. Анастас, а споменот на земјата да му биде вечен. Примете искрено сочуство, стои во телеграмата потпишано до Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) на Македонија, Оливера Трајковска.

 

Извор : vesnik-ilinden.com

Телеграма со сочуство упати Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи на Македонија по повод упокојувањето на г.г.Анастас, Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија