Почетна СветМеѓународен ден на младите: Младите се двигател на промените и иднината

Меѓународен ден на младите: Младите се двигател на промените и иднината

од nenad
1 минути читај за

Денес, 12 август, се одбележува Меѓународниот ден на младите – ден посветен на младите луѓе, нивните права, можности и активно учество во општеството.

Овој ден претставува можност да се истакне значењето на младите како важен двигател на општествениот развој, но и да се укаже на предизвиците со кои тие се соочуваат – од обезбедување квалитетно образование и пристап до достоинствени работни места, до активно учество во процесите на донесување одлуки.

Обединетите нации секоја година го одбележуваат Меѓународниот ден на младите со посебна тема, со цел да се поттикне јавната дискусија за прашањата и предизвиците што директно ги засегаат младите ширум светот.

На овој ден се испраќа јасна порака: младите не се само иднината, туку и важен дел од сегашноста. Со своите идеи, знаење, енергија и ангажман, тие имаат значаен потенцијал да придонесат кон создавање поинклузивно, праведно и одржливо општество.

Македонски весник „Илинден“ им го честита 12 Август – Меѓународниот ден на младите на сите млади, со желба за успех, еднакви можности, личен развој и активно учество во градењето на подобра иднина.


Post Views: 103

Извор : vesnik-ilinden.com

Меѓународен ден на младите: Младите се двигател на промените и иднината