Почетна Убавина и здравје„Болката која моментално ја трпам е…“ Јелена Карлеуша призна дека никогаш досега не се чувствувала вака, сериозно го загрозила своето здравје

„Болката која моментално ја трпам е…“ Јелена Карлеуша призна дека никогаш досега не се чувствувала вака, сериозно го загрозила своето здравје

од nenad
1 минути читај за

Многу незавидна позиција особено за жена.

Јелена Карлеуша минатата година во ова време се соочуваше со сериозни здравствени проблеми кои на моменти беа толку интензивни што ѝ предизвикуваа неподносливи болки.

Сепак, и покрај овие предизвици, ЈК изгледаше беспрекорно за време на нејзиниот настап во Котор и зрачеше со својата енергија на сцената. Меѓутоа, веднаш откако го заврши настапот, членовите на нејзиниот тим загрижено ѝ предложиле да повикаат брза помош.

Пејачката, сепак, категорично ја отфрлила оваа можност, нагласувајќи дека не сака лекарите да ја видат во состојбата во која се наоѓала тогаш. Таа својата болка ја опиша како „10 од 10“ на скалата на интензитет, но и покрај се’ остана професионална и посветена на публиката, како и секогаш.


Поврзани објави

Ви благодарам на сите што дојдовте на настапот во Котор вчеравечер. Бевте фантастични. Ако забележувате, чудно сум мирна. Никогаш во животот не сум се чувствувала толку лошо како синоќа. Едвај имав сила да ги искачам трите скалила до бината. Болката што ја трпам во овој момент е 10 од 10. Сепак, стиснав заби и го одржав настапот за вас, иако организаторите сакаа да го одложиме. По настапот не повикав брза помош бидејќи изгледав страшно! Повеќе би сакала да умрам отколку некој да ме види вака! Сето тоа го преживеав! Го напишав ова за да знаете… понекогаш во оваа работа пееме и ги забавуваме луѓето дури и кога никој не знае колку сме ЛОШО! Крвава работа, особено за нас жените…

Јелена Карлеуша призна дека таа вечер се чувствувала најлошо во животот. Сепак, и покрај лошата здравствена состојба, таа не сакаше да ги разочара обожавателите и одлучи да настапи до самиот крај.

Фото: Printscreen Instagram