Правничката Ивана Малиќ, сопруга на славниот актер Милош Биковиќ, ги изненади своите следбеници на социјалните мрежи со серија фотографија од нивниот луксузен летен одмор во Турција.
Парот моментално ужива во мир и хармонија со својот син, а Ивана, која често споделува интимни моменти од семејниот живот, повторно го привлече вниманието на јавноста – овојпат со својот беспрекорен стил и изглед.
Во елегантен бел костим за капење, совршено усогласен со марама во нежен тон, Ивана ги истакна својата вита линија, затегнат стомак и природен, блескав тен.
Поврзани објави
На една од фотографиите може да се види како безгрижно ужива на плажата, со освежувачко парче лубеница во рака – симбол на совршен летен момент.
Вечерите, пак, се резервирани за семејни прошетки и моменти на релаксација, секогаш со префинет избор на облека кој ја потврдува нејзината суптилна елеганција.
Луксузниот комплекс во кој престојуваат е само уште еден слој на гламурот што зрачи од секоја фотографија – спој на стил, љубов и летна романтика.
Фото: Printscreen Instagram