Моментално е една од најголемите музички ѕвезди во регионот, а како девојче кое растело во Бели Манастир, Александра Пријовиќ не можела ни да замисли каков успех ја чека.
Пејачката објави свои фотографии од детството, а на секоја од нив е насмеана, како што ја гледаме денес.
Александра Пријовиќ како мала помина низ многу турбуленции, но тоа не ја обесхрабри. Ѝ кажувале дека никогаш нема да успее, дека засекогаш ќе биде обична пејачка, но Александра секогаш верувала во себе.
Ќе видите, сите ќе стоите во ред и ќе се борите за билет за да влезете на мојот концерт“, им велела таа.
Поврзани објави
Децата ми кажуваа дека сум ваква или онаква. Бев мала и навистина ме болеше тоа. Сите се дружеа меѓу себе, јас имав само една другарка. Зборовите што ми ги упатуваа можеа само да ги слушнат од своите родители и секогаш се прашував зошто е тоа така кога не сум им згрешила ништо.
Сакав да бидам како нив, да си играм и да се дружам. За жал, дури кога постигнав нешто во животот, се сетија дека постојам. Се разбира, не ги обвинувам, разбирам се’, но тоа не беше пријатно ниту за мене, ниту за мајка ми – изјави еднаш Александра.
Фото: Printscreen Instagram