Почетна Убавина и здравјеСега тој купил 3 куќи за сите негови деца и жени – Убавина и здравје

Сега тој купил 3 куќи за сите негови деца и жени – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Илон Маск навистина сака што повеќе да се размножи. Иако добил 12 деца, не планира да застане

Илон Маск дошол сам на инаугурацијата на Доналд Трамп. Многумина се прашувале зошто не ја донел својата подобра половина, но причината е тоа што неговата девојка не сака да се експонира во јавност.

Неговата најнова љубов се вика Шивон Зилис. Таа има 38 години, а со Илон Маск добила близнаци во 2021 година со помош на вештачко оплодување. Неколку години подоцна добила уште едно дете. Маск има вкупно 12 деца, од кои три со Шивон.

Шивон е родена во Канада и се наоѓа на највисоката позиција во компанијата на Маск „Неуролинк“.

ФОТО: Принтскрин Јутјуб

Уште не е јасно дали тие живеат заедно, но се знае дека Шивон го поддржува ликот и делото на Илон Маск.

Денот пред инаугурацијата, Илон Маск дошол на митингот на Доналд Трамп со синот што го добил со пејачката Грајмс. Иако момчето живее со мајка му, Маск редовно го носи секаде со себе.


Поврзани објави

Врската помеѓу Илон и Шивон започнала на многу необичен начин. Кога двојката добила близнаци во 2021 година, Илон сè уште бил во врска со пејачката Грајмс со која чекал дете – односно нивната сурогат-мајка била бремена.

Шивон открила дека во тоа време немала романтични чувства кон Илон, но едноставно сакала да има дете и барала соодветен донатор. Иако претпочитала да не го знае биолошкиот татко на своите деца, милијардерот ѝ се понудил и таа се согласила.

„Тој навистина сака паметните луѓе да имаат повеќе деца, па ме охрабри да го направам тоа. Не можам да си замислам подобри гени за моите деца од неговите“, рекла Шивон во една пригода.

Илон во 2024 година купил три огромни куќи во Тексас и сега очекува сите негови деца и сите нивни мајки да живеат тука.

ФОТО: Јутјуб, Инстаграм