Барбара Фереира се прослави со улогата во серијата „Еуфорија“, а сега е главна тема пред сè поради нејзината голема трансформација.
Познатата актерка Барбара Барби Фереира се појави на забава во Њујорк каде што ги маѓепса сите со својот нов изглед.
Некогашната омилена „буцка“ речиси се преполови, а поради ова ја следеа коментари дека е само уште една жртва на „оземпик“.
Поврзани објави
Барби за оваа пригода избра зелен сатенски фустан до колена, кој го вклопи со елегантни салонки и малку посветла чанта.
Како и секогаш, ѝ остана верна на својата ретро-фризура, а овој пат имаше минимална шминка на лицето.
Фото: Инстаграм