Само половина од жените ќе знаат да препознаат срцеви заболувања, открива статистиката на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). Единствено можно објаснување за ова е дека многу жени сè уште не знаат што е срцева болест или како изгледа.
Потребно е да истакнеме дека срцевата болест не е само срцев удар – таа вклучува сè што може да тргне наопаку во срцето, како што е, на пример, затнување на артериите.
Добрата вест, според Американското здружение за срце, е тоа што срцевите заболувања – па дури и срцевите удари – можат да се спречат 80% често само со промени во животниот стил, соопштува Women’s Health. Тоа значи да се храните здраво, да вежбате редовно и да се откажете од пушењето.
Многу важно и да бидете добро информирани – затоа што има многу други знаци кај жените, покрај болката во градите, на кои треба да им се обрне внимание. Дали сте подготвени за едукација? Да видиме што нè советуваат експертите…
ШТО ТРЕБА ПРВО ДА ЗНАЕМЕ ЗА СРЦЕВИОТ УДАР
Кога ќе помислите на жртва на срцев удар, веројатно замислувате средовечен маж со прекумерна тежина кој ја стега левата страна од градите, чувствувајќи бодеж-болка во таа област, а потоа паѓа на подот. Да, ова е најчесто случај со мажите, но жените имаат поголема веројатност да доживеат болки во грбот, вилицата или гадење непосредно пред срцевиот удар.
Симптомите на срцев удар кај жените може да изгледаат сосема поинаку од класичната болка во градите за која често слушаме. Но, пред да дојдеме до симптомите, прво да разјасниме што е срцев удар. Срцев удар настанува поради недоволен проток на крвта во одреден дел од срцевиот мускул и може да дојде до смрт доколку не се врати снабдувањето со крв, ќе ви објасни секој кардиолог.
Ризикот од срцев удар е поголем ако имате висок крвен притисок, дијабетес, висок холестерол, пушите, имате семејна историја на срцеви заболувања или имате прекумерна тежина. Иако срцевиот удар обично ги погодува постарите луѓе, може да настане во секоја животна доба.
Дефинитивно е поголема веројатноста жените да имаат атипични симптоми на срцев удар, што значи дека може да биде тешко да се препознае“, објаснува кардиологот д-р Реџина. С. Друз.
Ова може да биде причината поради која жените имаат помала веројатност да побараат помош за време на кардиолошката епизода, па помала е веројатноста да добијат итна помош и затоа имаат поголем ризик од фатален исход одошто мажите.
Еве на што треба да обрнете внимание:
НЕЛАГОДНОСТ, ПРИТИСОК, СТЕГАЊЕ ИЛИ БОЛКА ВО ГРАДИТЕ
Доколку почувствувате нешто од ова во средината на градниот кош подолго од неколку минути – тоа е најчестиот знак за срцев удар. Исто така, овие чувства може да исчезнат и да се вратат повторно.
Понекогаш пациентите опишуваат дека чувствуваат како нешто да им седи на градите или дека ги стега во градниот кош. Во однос на интензитетот на болката, лекарите обично бараат од пациентот да ја оцени од еден до 10, каде што еден претставува многу слаба болка, а 10 претставува многу интензивна болка. Секоја болка оценета со шест или повисоко е причина за загриженост, забележуваат кардиолозите.
Можеби сте склони да ја припишете оваа болка на резултат на напорното вежбање или на лошиот ноќен сон, но ако болката нема очигледна причина, се влошува со текот на времето или се јавува заедно со некој од другите симптоми на оваа листа, посетете лекар“, забележува д-р Друз.
КРАТОК ЗДИВ И ЗАБРЗАНА СРЦЕВА РАБОТА
Проблемот со дишење или чувството дека не можете целосно да земете здив е уште еден симптом на срцев удар и може да се случи без болка во градите. Исто така, може да се чувствувате како вашето срце да прескокнува или да се трка, дури и кога не правите ништо физички напорно.
За жал, многу жени, дури и многу лекари, ова го припишуваат на напад на паника бидејќи може да изгледа слично на анксиозност. Сепак, останувањето без здив често е првиот симптом на срцев удар што луѓето го забележуваат.
СТУДЕНА ПОТ, ГАДЕЊЕ ИЛИ ВРТОГЛАВИЦА
Чувството како одеднаш да имате е уште еден симптом на срцев удар. Може да се чувствувате толку лошо што ќе повраќате или да чувствувате толкава вртоглавица или слабост што ќе се онесвестите.
Симптомите се уште поинтензивни од оние на грипот. Дополнително, додека грипот е често придружен со покачена температура, знајте дека нема да имате покачена температура при срцев удар“, нагласува д-р Друз.
НЕНАДЕЕН УМОР
Ако наеднаш почувствувате истоштеност која ве спречува да станете од креветот, а не пак да ги правите секојдневните задачи, како што се местење кревет или облекување, ова може да биде знак за срцев удар.
НЕЗАБЕЛЕЖАНИ СРЦЕВИ УДАРИ
Понекогаш мал срцев удар може да остане незабележан или може да се доживее како слаб симптом, кој спонтано исчезнува. Станува збор за „тивок“ срцев удар,
Овие напади може да се откријат само преку чувствителни техники, кои овозможуваат да се види дали мал дел од срцето имал недоволен проток на крв и затоа доживеал инфаркт“, објаснува кардиологот. Овие удари се поретки кај помладата популација.
ШТО ДА ПРАВИТЕ АКО СЕ СОМНИТЕЛИТЕ ВО СРЦЕВ УДАР?
Не паничете! Повикајте итна помош! Во меѓувреме, можете да земете аспирин (познат по тоа што ги раствора згрутчувањата на крвта пред да предизвикаат трајно оштетување на срцето).
Поврзани објави
Кога ќе пристигне помошта и ќе се потврди дека сомнежот ви е основан, ќе ви бидат дадени кислород, нитроглицерин и аспирин (ако веќе не сте го зеле), додека ве транспортираат до најблиската болница за понатамошна дијагноза и третман.
Премлади сте за да имате срцев удар?
Но, не е исклучено да се работи за спонтаната коронарна артериска дисекција (СКАД) – ретка итна состојба, која се јавува кога се формира расцеп во еден од крвните садови на срцето. Како резултат на тоа, протокот на крвта во срцето е попречен, а инциденцата на срцев удар, патолошките нарушувања на срцевиот ритам или ненадејната смрт се зголемуваат.
Експертите проценуваат дека до 35 проценти од срцевите удари кај жените на возраст под 50 години се поврзани со СКАД и дека девет од 10 случаи на СКАД се јавуваат кај жени. Преваленцата на СКАД сè уште не е целосно позната, а стапката на преживување исто така не е утврдена, бидејќи состојбата често погрешно се дијагностицира и се потценува. Иако првиот случај на СКАД е забележан пред речиси 95 години!
На 12 ноември 1930 година, д-р Харолд К. Прети бил повикан во домот на една 42-годишна вдовица, мајка на четири деца, која повраќала цела ноќ. Таа ноќ, лекарот ѝ пропишал домашни лекови за вознемирен стомак. Следната ноќ, откако болките се засилиле, жената починала.
На обдукцијата доктор Прити сфатил дека не е до желудникот. Тој открил дека жената претрпела дисекција на аортата. До неодамна, повеќето лекари не беа запознаени со СКАД. Жените често биле погрешно дијагностицирани, а срцевите удари биле несоодветно третирани. На пациентите им било кажано дека срцев удар на толку млада возраст е ретка појава – како удар на гром. Ако преживеале, преживеале поради чиста среќа.
Денес за оваа состојба може да се направат крвни тестови кои откриваат покачени нивоа на тропонин (протеин што се ослободува во крвта при срцев удар), што покажува дали лицето е во срцев удар. Затоа, не прифаќајте ги нејасните одговори на лекарот. Ако сте доживеале срцев удар што вашиот лекар не може да го објасни, побарајте второ мислење. Затоа што можеби е СКАД.
Што уште треба да знаете…
Срцевите болести убиваат повеќе жени отколку сите видови рак заедно
Проценките покажуваат дека една од четири жени умира од срцеви заболувања; од друга страна, ракот на дојката е причина за смрт кај една од триесет жени, според Националниот институт за срце, бели дробови и крв на САД.
Всушност, повеќе жени умираат од срцеви заболувања и мозочни удари отколку од сите видови рак заедно“, вели д-р Ричард Снајдер, овластен семеен лекар и главен медицински директор во „Индепенденс Блу Крос“ во Филаделфија.
Девет од десет жени имаат барем еден фактор на ризик
Постојните проблеми со срцето, апчињата за контрацепција, пушењето, лошата исхрана и недостигот на вежбање можат поединечно да придонесат за срцеви заболувања кај жените – 90% од сите жени имаат барем еден од овие фактори на ризик, според Американското здружение за срце. Сепак, срцевите заболувања можат да влијаат и на жените што ги немаат овие фактори на ризик.
Една мала студија, објавена од Фондацијата за срце и мозочен удар на Канада, покажа дека 48% од учесниците, кои биле млади и немале познати фактори на ризик за срцеви заболувања, покажале знаци на атеросклероза (затнати артерии), што често е еден од првиот знаци на кардиоваскуларни заболувања. Студијата откри и едноставен начин да се утврди дали сте склони кон задебелување на крвните садови: измерете ги половината и колковите.
Учесниците со рани знаци на срцева болест имале обем на колкови помал или приближно еднаков на обемот на половината.
Рутинските прегледи треба да почнат во вашите 20-ти години
Неодамнешно национално истражување објавено од Orlando Health покажа дека 60% од жените мислат дека скринингот на срцето не е потребен пред 30-та година, но тоа не е точно. Експертите всушност препорачуваат скринингот да почне на 20-годишна возраст.
Срцевите проблеми почнуваат да се развиваат веќе во тинејџерските години и раните дваесетти години“, вели д-р Марија Каролина Демори, кардиолог од Институтот за здравје на срцето во Орландо.
„Тие проверки на срцето може да се вклучат во редовните прегледи на општ лекар“, вели Демори, „и треба да вклучуваат следење на крвниот притисок, холестеролот и шеќерот во крвта“.
Американското здружение за срце, исто така, препорачува електрокардиограм (ЕКГ) еднаш годишно ако имате семејна историја на болеста или повеќе фактори на ризик.
Да се биде „фит“ не значи дека не сте изложени на ризикот од срцеви заболувања
Погрешно е мислењето дека срцевите заболувања не ги погодуваат жените што се фит“, вели д-р Снајдер.
Но, дури и ако сте атлетски градени, вашиот ризик од срцеви заболувања не е целосно елиминиран, навиките како прејадување и неактивен начин на живот го зголемуваат вашиот ризик, но исто така можете да бидете слаби и да имате висок холестерол – сè зависи од исхраната, повременото консумирање алкохол, кои можат да ги надминат другите здрави навики што ги имате.
Дури и ако немате сериозни симптоми, може да бидете изложени на ризик
Околу 64% од жените што умираат ненадејно од коронарна срцева болест немаат претходни симптоми, а тоа е веројатно затоа што е лесно да се отпишат одредени знаци како нешто неважно – вртоглавицата може да ја поврзете со брзо станување, отежнатото дишење со не одењето во теретана и заморот со лош сон.
Жените мора да внимаваат на своето срце и да забележат ако наеднаш им се отежнат вообичаените активности, нагласуваат експертите. Вежбањето понекогаш е најдобриот начин да следите како се чувствувате, проценувајќи колку активности можете да поднесете.
Следењето на хормоните може да помогне
Управувањето со хормоните е исклучително важен чекор во одржувањето на здравјето на срцето, вели д-р Вестин Чајлдс, специјалист за функционална медицина во Аризона. Естрогенот нè штити од срцеви заболувања, па ризикот од срцеви заболувања кај жените значително се зголемува по менопаузата.
Овој пад на естрогенот е генетски детерминиран, така што можете да одредите кога ви се зголемува ризикот од срцевите заболувања врз основа на тоа кога вашата мајка влегла во менопауза“, вели докторот. Дополнително, нарушените тироидни хормони може да предизвикаат зголемување на холестеролот, кој може да го оштети срцето.
Пишува: Јелена Белимарковиќ